Казни за двајца дебарчани кои работеле спротивно на кризната состојба

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Две лица од Дебар се казнети со парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата. Според пријавата, во текот на вчерашниот ден двајцата обвинети, сопственик на угостителски објект и сопственик на интернет кафе, не постапиле според определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.

При контрола од страна на службени лица од ОВР-Дебар е утврдено дека иако во градот е прогласена кризна состојба, локалите на двете лица се отворени за да им пружат услуга на граѓаните.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по денес примената кривична пријава до Основниот суд во Дебар достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица.

Сподели.