Казни за 14 моторџии во акцијата против „диви трки“ во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје синоќа од 20.00 до 02.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје и санкционира 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден мотоциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите. Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.

Сподели.