Казнети 18 возачи кои управувале нерегистрирани возила

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во текот на 14.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 11 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи, од кои: шест возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и три возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 30 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози, а 61 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.

 

Сподели.