Катастрофалното менаџирање на СДСМ чини човечки животи и економски колапс

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Неспособноста, расипништвото и корумпираноста на Заев и неговите соработници, не смее да се плаќа со пари од џебот на работниците кои едвај преживуваат.

СДСМ безмилосно ги троши парите на граѓаните, и најавува кратење на платите на работниците и администрацијата.

Вистината од далеку се гледа, без Костадин Костадинов да шири лаги од партиската говорница.

Вистината е дека само за четири дена платени се 8 милиони денари од власта за репрезентации, услуги во ресторани и патувања.

Власта дури не штедела ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Потрошени се 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.

Владата на Република Македонија предводена од СДСМ цел мандат го лаже народот дека државата блеска, а по само три седмици од појавувањето на коронавирусот, македонската економија доживува колапс.

За жал додека здравствените работници се соочуваат со огромни недостатоци на медицински материјали како респиратори, маски и ракавици, Зоран Заев сака да ги скрати платите на работниците кои едвај го поминуваат месецот.

Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди.

Сподели.