Кандидатурите на Силјаноска, Пендаровски и Река ќе бидат официјализирани во четврток

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Колку вкупно граѓани ќе можат да гласаат за иден шеф на државата ќе се знае за десетина дена, кога се очекува да биде закчучен Избирачкиот список. Увидот заврши пред три дена, а според првиот човек на ДИК, Деркоски рекорден број граѓани 53.972 провериле дали ги има во избирачкиот список. Но на претстојните избори ќе изостанат гласовите од дијаспрата, од каде се пријавиле само 1970 иселеници, што спред Деркоски е значително мал број. За претседателските избори да бидат успешни во вториот изборен круг, мора на гласање да излезат над 40 проценти од запишаните гласачи, или некаде околу 720 000 гласачи.

Сподели.