Калараш и наредната сезона во Вардар, а во Скопје пристигнува и француски голман, Робин Кантегрел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Уште еден важен играч го продолжи договорот со Вардар, пивотот Глеб Калараш и следната сезона ќе биде во тимот.
Калараш им се приклучува на Чупиќ, Дибиров, Стоилов и Дисингер кој исто така ќе продолжат да играат за Вардар.
Новиот претседател Михајло Михајловски сака да го одржи високото ниво на Вардар кој ќе остане конкурентен во Лигата на шампионите.
Во Вардар пристигнува и нов голман, се работи за 25-годишниот Французин, Робин Кантеграл кој доаѓа од второлигашот Сесон Рен.
Сподели.