Како што вети, Тамара си ги истетовира стиховите од химната (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Ветено, сторено“ се зборовите над фотографиите кои ги објави Тамара Тодевска на својата фејсбук страница, на кои се гледа дека ги истетовирала зборовите од химната, кои ги заборави да си испее.

Како што најави пред неколку дена, така и направи – ги истетовира „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.

Во јавноста имаше различни коментари во врска со таа нејзина одлука. Останува да видиме како јавноста ќе изреагира на овој нејзин чекор.

Сподели.