Јово Вангеловски разрешен од функцијата претседател на Врховниот суд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски е разрешен од функцијата.

На денешната седница на судскиот совет одлуката е донесена со 7 гласа ЗА.

Без да прецизира за кој судија станува збор, во изјава по седницата, претседателот на Судскиот совет Кире Здравев рече дека судијата е разрешен поради нестручно и несовесно работење на функцијата.

Точката на која се расправаше за разрешување на Вангеловски беше затворена за медиумите, бидејќи јавноста е исклучена кога на дневен ред се точки со таква содржина.

Сподели.