Јовановиќ: Италија ги суспендираше сметките за струја, Македонија ја зголеми цената иако има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски информираше дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.

Оваа одлука предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.

-Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.

Сподели.