Јосифовски: Ставете розови очила, многу е добро (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Почитувани,
Оние кои манипулираат со граѓаните се токму оние лица кои во овој момент изигруваат власт. За потсетување: кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, младите во Битола добија спортска сала во рамките на универзитетот Климент Охридски, добија уште две спортски сали во рамките на Средното економско училиште и во рамките на средното медицинско училиште, каде до ден денес се развиваат и продуцираат млади спортисти.

Што се однесува до образованието: во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше безплатен превоз од секој крај на Република Македонија, сега за жал таа мерка во општина Битола, од оваа година е укината. Се отворија дисперзирани факултети и се даде можност на секој млад човек да студира за поевтина цена. Сега за жал, власта прави напори и тие дисперзирани факултети еден по еден да ги укини. Се овозможи компјутер за секое дете, се овозможија бесплатни учебници и преводи на голем број дела од многу научни области од целиот свет.

За Економијата: да потсетиме дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се отвори фабриката Кромберг и Шуберт во која работат и заработуваат за своја егзистенција преку 6000 наши сограѓани од кои повеќето се млади лица. Оваа фабрика во времето кога СДСМ беше опозиција беше нарекувана “логор на смртта”. А на републичко ниво, скоро и да немаше ден кога некоја нова инвестиција се најавуваше или некоја нова инвестиција се отвараше и почнуваше со работа.

Исто така во Битола со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се обновија двата гратски паркови, се направи скејт паркот, две тениски игралишта кои до неодамна беа оставени слободно да се користат, целосно се осветли Тумбе Кафе и уште многу проекти за младите во Битола.

Што се однесува до иселувањето, ние не зборуваме на памет, туку оставме бројките да зборуваат, а тие велат вака: Во 2017-та и 2018-та нагло пораснал бројот на лица со македонски пасош што добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ и на ЕЕА. Овие бројки веројатно се многу поголеми, затоа што во нив не се содржани лицата од Македонија со бугарски и други пасоши, како ни тие што илегално престојуваат во земјите на ЕУ и ЕЕА.

Бројот на иселени лица откако дојде животот и се она што тој живот на СДСМ ни донесе, рекетирање, кражби, убиства, тендерски местенки итн. во 2017 ја надминува бројката од 22.000 лица, а во 2018та иако не целосна бројка, таа сепак надминува над 24.000 иселени лица што претставува и своевиден негативен рекорд. Тебелата со податоците за иселувањето во последните 10 години ќе му ја доставиме на сите заинтересирани вклучувајќи ги и „загрижените„ во СДММ.

Нашите сограѓани од СДММ не се виновни, никој не им кажал за ова затоа и не знаат, а најверојатно нивните идеолошки татковци не им кажале ниту за катастрофата што му ја направија на Република Македонија и на Битола во 90сетите и нивната криминална приватизација на општествениот капитал, а за аферата ТАТ и да не зборуваме. ��

Но сепак, дојде живот, ставете розови очила, многу е добро.

Ви благодарам.

Сподели.