Јанушев: Во Македонија се прислушува како никогаш до сега

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинението спрема обвинетите за терористички загрозување на уставниот поредок е политички прогон и монтиран случај.

Имаме обвинети кои што се обвинети за тероризам само зошто ја имаат пеено македонската химна, имаме госпоѓа која што е обвинета за тоа со конклудентни дејствија ја управувала толпата. Што правела? Мрдала со главата и поради тоа дејствие е обвинета, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во вчерашното гостување во емисијата 200 на ТВ Алсат М.

Тој додаде дека власта на СДСМ си игра со човечки судбини, исто како што си игра со државата, додавајќи дека обвинетите од 27-ми април се држат во притвор без основ. Јанушев истакна дека тие се залагаат за доследна примена на правото и неселективна примена, нагласувајќи дека секој што се огрешил пред законот мора да одговора, но најважно е обвинението да биде во корелација со делото потенцирајќи дека не може луѓето да бидат обвинети за терористичко загрозување.

Според него секоја власт во Република Македонија мора да се залага за систем во кој ќе владее правото и ќе има правда еднаква за сите, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за владеење на правото и тоа ќе биде столб на оваа држава.

Конечно знаеме како Заев ги погодува пресудите 2-3 недели пред тие да бидат објавени и конечно се докажува нашето тврдење дека се апсолутно лажни и невистинити тврдењата на власта дека повеќе не се прислушува, сега се прислушува повеќе од било кога, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев говорејќи за прислушувањето во Јавното Обвинителство.

Јанушев потенцираше дека во неполн месец имаме два огромни скандали и поради тоа неопходно е Оливер Спасовски веднаш да си поднесе неотповиклива оставка.

– Да не заборавиме прислушувањето започнува од периодот од кога е министер Оливер Спасовски. Дали е ова е со знаење на Оливер Спасовски, дали некој го пушта низ вода, како што го пуштија за бегството на Груевски, но веројатно е интерна работа, вели Јанушев. Јанушев посочи дека веднаш откако се објави скандалот власта изјави дека биле сигурни дека нема да има злоупотреба на прислушуваниот материјал, а тоа значи дека тие веќе го имаат и многу е веројатно да го користат за свои цели.

Ова е најнеуспешната влада која што во историјата на Македонија сме ја имале.

Покрај најгорливото прашање што го прават, а тоа е на сила да го завршат процесот за уставни измени против волјата на народот и покрај неуспешниот референдум, исто така во секое друго поле имаме поразителни резултати.

Дали е тоа економијата, дали е тоа здравството, образованието, земјоделието, нема тема каде што можеме да кажеме дека се успешни, изјави во емисијата „200“ на Алсат М телевизија, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Јанушев потенцираше дека откако е СДСМ на власт не само што имаме зголемено задолжување, туку и задолжувањето бележи рекорди како никогаш досега, исто дека има и помалку од 30% на реализација на капиталните инвестиции, и додава дека толку се некадарни и неспособни дури и проектите кои што беа започнати од претходната влада не успеваат да ги реализираат.

– Пред две години, на почетокот на мандатот една од работите што Заев успеа да ги излаже е дека Фејсбук и Гугл биле на вратите, ама сега од тоа се што направи е да вработи стотина луѓе во владата кои по цел ден седат на Фејсбук и гуглаат на Гугл, ако мислеше на тоа, тогаш реализирано му е ветувањето.

Токму затоа истакна дека протестите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги започна од минатата среда, продолжуваат и оваа среда, ќе продолжат и за време на викендот, се протести буквално против овие црнила кои што оваа неспособна влада ги наметнува и очекуваат поддршката од граѓаните на овие протести само да се зголемува, бидејќи граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од црнилата кои ги создава владата на СДСМ.

Сподели.