Инцидент пред ГОБ „8 Септември“ – шест лица приведени во полиција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шест лица се приведени во полициската станица Гази Баба по инцидентот и заканите кон докторка во Градската општа болница „8 Септември“.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициската станица со специјални протоколи.

Полицијата во овој момент го обезбедува Ковид- центарот во болницата.

Починатата пациентка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември”. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.

Сподели.