Интерес од неколку италијански клубови за Несторовски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По завршувањето на сезоната Илија Несторовски би можел да го напушти Удинезе и да се пресели во друг италијански тим. Македонскиот репрезентативец во моментов има неколку понуди од Италија, а се чини дека најсериозна е онаа на Кротоне, кој може да обезбеди место во Серија „А“ идната сезона.

Исто така за Несторовски се интересираат и Фросиноне, Бреша, но и клубот чиј сопственик е Силвио Берлускони – Монца.

Сепак, со оглед дека и идната сезона сака да игра во „елитата“, Несторовски би можел да заврши во Кротоне, доколку се пласира во Серија „А“.

Сподели.