Илија Димовски уценуван со „Талир“ за глас за промена на името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кривичниот суд во Скопје утринава го одобри обвинението за случајот „Талир“ со кои се гонат екс-премиерот Никола Груевски, заедно со Миле Јанекиески, Кирил Божиновски и пратеникот Илија Димовски. Извори на Лидер од Собранието, брифираат дека власта утринава го активирала случајот за да се обезбеди гласот на Димовски за промена на Уставот, со цел промена на уставното име.

Премиерот Зоран Заев повторно неосновано повикувајќи се на странски фактор, издејствувал Кривичен, токму денес, во очи на гласањето на уставните измени, да го одобри случајот.

Ова доаѓа откако вчера и завчера власта не успеа да ги обезбеди гласовите на двајцата пратеници од Беса на Касами. Како што дознаваме, веќе е обезбеден еден глас на пратеник кој доаѓа од редовите на партија која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потребен е уште еден, поради што се атакува на Димовски, со случајот „Талир“.

Гласањето за уставните измени е одложено за во 15 часот поради средбата на Заев со Касами, која ќе биде последен обид да се обезбедат гласовите на Беса, доколку преговорите не успеат, изворите на Лидер брифираат дека ќе следуваат поинтензивни убедувања со Димовски, во кој ќе се извади случајот „Талир“ на маса.

Инаку утринава Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“ за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост. Што се однесува до вториот обвинителен акт за истиот предмет што се однесува на незаконска изградба, истиот веќе е распределен кај судија за оценка на обвинителен акт и по донесено решение, Судот навремено ќе ја информира јавноста.
ИЗВОР: ЛИДЕР.МК

Сподели.