ИЈЗ: Намалување на нови позитивни случаи – најголем дел и натаму во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за здравство соопштува дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Сарс-КоВ-2, 14.2 отсто помалку во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7 отсто ). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3 отсто), 40-49 (n=107; 15,2 отсто) и 20-29 (n=98; 14,0 отсто ). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7 отсто) и 10-19 години (n=36; 5,1 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6 отсто), регистрирани се 127 (18,6 отсто) хоспитализирани што е намалување од 3,8 отсто во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3 отсто) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на Сарс-КоВ-2, или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

Сподели.