Идниот косовски премиер Курти ќе бара нова истрага за „Диво Насеље“ – терористите неправедно се држат во затвор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новa истрага и објавување на сите досегашни докази кои до сега се држани во тајност. Ова е ставот и заложбата на лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, кој во интервју за телевизија Шења, вели дека по добивањето на премиерскиот мандат, тој ќе ги истражи сите органи и институции во Косово кои може да поседуваат какви било докази за овој случај.

Покрај ова, Курти вели дека ќе контактира и со владата на премиерот Заев за да се отвори нова истрага, бидејќи смета дека досегашниот процес бил започнат од поранешниот режим во Македонија и за него е неверодостоен. Изразувајќи жалење за лицата за кои тој вели дека неправедно се држат во затвор, Курти вели дека целиот процес е сомнителен и монтиран, така што вети дека ќе работи за целосно расветлување на случајот.

Сподели.