Иџе ќе вози низ празните скопски улици за време на полициски час! (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, најави дека ќе прави парада со својот автомобил утре (понеделник), за време на полицискиот час.

Почнувајќи во 18 часот (на 25 мај), Иџе ќе парадира со својот тркачки автомобил на точно определена маршрута, почнувајќи од населбата Лисиче, завршувајќи во Карпош. На објавата на неговата фан-страница на Фејсбук, вели, никогаш да не се повторат овие празни улици.

„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“, пишува во дел од соопштението.

На маршрутата, објавена во видео-анимација, покажани се неколку попатни точки, во населба Аеродром, кај Собранието и Триумфалната капија во Центар, покрај Соборна црква по „Партизанска“, покрај „Сити мол“ сè до кружниот тек со кој завршува населба Влае.

Сподели.