Ибрахимовиќ: Да дојдев порано Милан до сега ќе го освоеше „скудетото“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ во свој стил ја прокоментира победата на „росонерите“ против Јувентус со 4:2 и тоа со пресврт откако миланската екипа губеше со 0:2. Швеѓанецот изјави дека ако дошол на „Сан Сиро“ на почетокот на сезоната, Милан до сега ќе ја освоелл титулата.

Стар сум, тоа не е тајна, но годините се само број. Добро работам, добро ги балансирам работите, а сега одиграв квалитетно. Се чувствувам добро и да бидам искрен, на секој начин пробувам да му помогнам на тимот. Јас сум претседател, играч и тренер. Единствено негативно во сето тоа е што имам само една плата и тоа како фудбалер. Да бев овде од почетокот на сезоната ќе ја освоевме титулата“, изјави Ибрахимовиќ.

На прашањето дали ќе игра во Милан и идната сезона, тој одговори.

Ќе видиме. Уживам во Милан, имам 38 години и не пробувам да работам работи кои ги работев со 20. Не сакам да бидам маскота на теренот, тука сум да им помогнам на соиграчите, на клубот и навивачите. Сакам да правам разлика на теренот“, додаде Швеѓанецот.

Сподели.