И официјално на денешните европски избори излегле 51 процент од запишаните гласачи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Одѕивот во 27-те земји-членки на ЕУ е близу 51%, објави Европскиот парламент. Ова е највисокиот одѕив од 1994 година. Во Данска рекордни 63 отсто од гласачите излегле на гласање, додека во Франција одѕивот се предвидува дека е 54 отсто, највисок последниве 35 години.

Гласачите излегле во значително поголем број отколку на претходните избори во речиси сите земји-членки, меѓу кои и Германија, Полска, Шпанија, Шведска и Франција, каде што одѕивот се предвидува дека е 54% – највисок последниве 35 години.

Одѕивот во Унгарија е на пат да се зголеми за повеќе од половина, додека тврдокорниот премиер Виктор Орбан вели дека прашањето на миграцијата ќе го „реорганизира политичкиот спектар на ЕУ“.

Повеќе од двапати повеќе полски гласачи излегле отколку на претходното гласање во 2014 година, а одѕивот во Данска постигна рекордни 63 отсто, зајакнувајќи ги надежите во Брисел дека 40-годишниот тренд на опаѓање на излезноста, за кој се смета дека го поткопува легитимитетот на власта на ЕУ, конечно би можел да се промени.

За десничарските популисти се предвидуваше да завршат убедливо први во две од најголемите четири земји-членки на ЕУ, Италија и Велика Британија, која досега требаше да го напушти блокот, и можеби до работ на потесна победа во третата, Франција, нарушувајќи го Макроновиот проевропски курс.

Но анкетите во некои земји сугерираат дека сообраќајот ќе биде далеку од еднонасочен. Во Шпанија, каде што одѕивот се зголеми на 49 отсто од 34 отсто на претходните избори, се чини дека ќе победи решително проевропскиот социјалистички премиер, Педро Санчез.

Сподели.