И ЃОКОВИЌ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Стигнаа резултатите од тестирањето на тенисерот број 1 во светот, кои се сосема очекувани. Заразена е и неговата сопруга Јелена.

Адрија Тур дефинитивно е големо промашување за Новак Ѓоковиќ како организатор, сите кои му помогнаа да го организира и се разбира оние кои му дозволиле воопшто да се одржи и тоа со публика, а тоа се српските и хрватските власти.

Се е тоа убаво што турнирот беше хуманитарен и имаше за цел да помогне на одредени луѓе, но проблемот е што се одржа во сред пандемија која е далеку од завршена и на кој се појавија нови заразени во Белград и Задар, каде што и се одржа.

Сподели.