ХРОНОЛОГИЈА НА УНИШТУВАЕТО НА СУПЕР ЛИГАТА: Цели два дена, ДОЛАРИТЕ блескаа во нивните очи, а потоа беа понижени како никој во историјата на фудбалот!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За помалку од 72 часа, Европската Супер лига отиде од врвот до дното! Ви го пренесуваме она што се случи во светот на фудбалот за помалку од три дена

Целата приказна започна во неделата вечер …

18 април 18.00 часот

Како гром од ведро небо – се појавија првите информации дека истата вечер е основана Европската супер лига и истовремено е затворена Лигата на шампионите!

18 април 19.00 часот

УЕФА се огласи и се закани со најстроги можни санкции против сите клубови кои се обидуваат да ја воспостават Европската Супер лига.

18 април 20.00 часот

Светската јавност е во шок бидејќи револуција во фудбалот се случува преку ноќ! Започнува вистински линч на 12 клуба кои работеа тајно во претходните месеци.

 

19 април 00.30 часот

Официјално основана европска Супер лига! Сите 12 клуба потврдија по полноќ дека ќе се преселат во тоа натпреварување.

19 април 12.00 часот

Претседателот на УЕФА, Чеферин е огорчен на Ањели, Перез … Тој ги напаѓа јавно, а лидерот на Јуве го нарекува измамник, змија …

19 април во текот на целиот ден

Постојат голем број на фудбалски легенди, играчи и тренери кои жестоко ја осудуваат Суперлигата, апсолутно никој не е за овој проект!

19 април во текот на целиот ден

Протестите на навивачите во Англија заземаат сериозна форма! Фановите на Ливерпул тргнаа, ги следеа од Арсенал, Челси … Се крева голем револт! За прв пат се обединија фановите на најголемите ривали…

20 април 11.00 часот

Објавен е Флорентино Перез, првиот човек на ова натпреварување кој го претставува ова натпреварување како иднина на фудбалот и тврди дека е 100 % сигурен дека ќе започне.

20 април 16.00 часот

Се појавуваат првите информации дека натпреварувањето е разнишано и дека некои клубови (од Англија) планираат да го напуштат!

20 април 20.00 часот

Големи протести на навивачите на Челси, кои не им дадоа на играчите скоро половина час да дојдат на стадионот на кој ги чекаше натпреварот од Премиер лигата против Брајтон!

20 април 21.00 часот

Манчестер Сити е првиот клуб кој официјално се повлече од Европската Супер лига.

20 април 21:30 часот

Александар Чеферин проговори и со ентузијазам ја поздрави одлуката на Сити и го поздрави назад во семејството на УЕФА.

20 април 22.00 часот

Челси стана вториот клуб кој официјално ја напушти Европската Супер лига.

20 април 23.00 часот

Сите англиски клубови објавија дека ја напуштаат Европската Супер лига.

20 април 23:15 часот

Целата светска јавност ја објави победата на фудбалот над идејата за богати клубови.

20 април 23:30 часот

Челниците на Европската Супер лига организираа итен состанок поради најновите случувања поврзани со напуштањето на натпреварувањето од англиски клубови.

21 април 02.00 часот

Европската супер лига ја призна капитулацијата и издаде соопштение во кое се наведува дека ќе разгледа понатамошни чекори по одлуката на шест англиски клуба да го напуштат натпреварувањето.

 

Сподели.