Хаварија во „Макстил“ –повредени четворица работници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Алармот во погонот попознат како некогашна челичарница се вклучил десет минути пред седум часот кога пукнала сајлата која е поврзана за 100 тонската ливна јама која била полна со стопен метал. Од разлеаниот стопен метал со изгореници повредени се четворица вработени кои нешто пред 8 часот се донесени во клиничкиот центар Мајка Тереза.

Тројца од повредените се пуштени на домашно лекување а едниот кај кого изгорениците се 40% е задржан на одделот Карил на понатамошно лекување и следење кој е засега во стабилна состојба но за него следните 48 часа се критични по што ќе се знае дали е во живото загрозувачка состојба.

Во земјава се уште нема центар за изгореници и сите вакви случаи се лекуваат на Карил а последниот случај кој беше покритичен мораше да се носи во Софија на натамошно лекување.

Пожарот кој избил по излевањето на стопеното железо бил  изгаснат со четири возила на против пожарната бригада Скопје во 8 часот и 40 минути.

Сподели.