Хамилтон: Најголем конкурент за наредната сезона сигурно ќе биде Себастијан Фетел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон очекува силна битка за титулата со Себастијан Фетел и следната сезона.

Англичанецот сподели, според негово мислење, кој ќе биде неговиот најголем ривал, но тој не мисли дека само пилотот на Ферари ќе се натпреварува со него.

– Мислам дека мојот најголем конкурент ќе биде Себастијан. Но, сигурно и Валтери. Се надевам дека и Ред Бул. исто така, ќе бидат силни. Оваа сезона тие беа многу добри во втората половина од годината, но следната кампања ќе имаат нов мотор и ќе видиме дали ќе го задржат нивото, истакна Хамилтон

Сподели.