ХАМИЛТОН ја освои Кина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои ГН на Кина.Во јубилејната 1000 трка во формула 1, Хамилтон ја оствари својата втора победа во овогодинешниот шампионат и вкупно 75 негова победа во кариерата. На второто место заврши неговиот клубски колега Валтер Ботас,додека на трето место се пласира возалот на Ферари Себастијан Фетел. Пол позицијата во Шангај ја имаше Ботас,но на самиот старт Хамилтон го превзема водството и без проблеми до крај го задржа првото место  со 6,5 секунди предност пред Ботас и 13,7 секунди пред Фетел. Најбрз круг извозе пилотот на Ред Бул Гасли и освои еден додатен бод.

Следната трка ке се одржи на 28 април за големата награда на Азебејџан.

Сподели.