Групна тепачка на ул.„Отокар Кершовани“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 14.05.2020 околу 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Отокар Кершовани“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Џ.(18) и Р.Џ.(52), двaјцата од Скопје, од една страна и В.М.(37) од Скопје, М.М.(33) и Б.М.(39), двaјцата од с.Слупчане, кумановско, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекшоците против јавниот ред и мир.

Сподели.