Груевски од Будимпешта барал да му се укине притворот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Откако избега во Будимпешта, Унгарија, на експремиерот Никола Груевски му беше определен притвор во предметите каде тој е обвинет, а тој преку жалби до Апелацискиот суд во Скопје барал истата мерка да му се укине.

Ова го покажува седмиот по ред извештај на СЈО, кој тимот на Катица Јанева го објавува на секои шест месеци.

Жалбите кои ги поднел преку неговиот адвокат се одбиени како неосновани.

Притвор за експремиерот беше определен во предметире „Т.Н.Т.“, „Траекторија“ и „Насилство во Центар“.

Инаку во сите предмети му се суди во отсуство.

Сподели.