Громогласна тишина за Јулија Николиќ (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Трагичната смрт на поранешната македонска ракометна репрезентативка Јулија Николиќ силно ја потресе Македонија, а и ракометниот свет, па вечерва пред стартот на мечот на црвено-црните со Монпелје со едноминутно молчење ѝ беше оддадена почит на ракометарката која својата кариера ја заврши токму во црвено-црниот дрес.

Николиќ ненадејно почина завчеравечер, па сите вардарци вечерва пред мечот со Монпелје ѝ оддадоа почит на поранешната црвено-црна ракометарка која во дресот на најголемиот македонски бренд ја заврши кариерата.

Николиќ во Македонија дојде во Кометал Ѓорче Петров, а потоа играше за низа клубови во странство, пред да се врати во ЖРК Вардар во периодот кога црвено-црните девојки беа постојано во врвот на европскиот ракомет.

Јулија имаше 38-годишна возраст.

Погребот ќе биде утре (четврток) во 10 часот на гробиштата во Бутел .

Сподели.