Григор Димитров позитивен на корона вирус

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најдобриот бугарски тенисер, Григор Димитров преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на корона вирусот и побара сите кои биле блиску до него веднаш да бидат тестирани.

Оваа вест доаѓа додека во Задар, Новак Ѓоковиќ се подготвуваше за финалето на втората станица на неговата „Адрија турнеја“ против Андреј Рубљев, но која беше откажана. Димитров беше дел од првото издание на егзибицискиот турнир во Белград, кога се играше пред полн стадион и без многу мерки за заштита.

„Здраво сите, сакам да ви порачам дека имав позитивен тест на КОВИД-19 по враќањето во Монако. Сакам да се осигурам сите кои биле во контакт со мене последните денови веднаш да бидат тестирани. Жалам за тоа што го предизвикав. Сега сум дома и се опоравувам. Останете здрави и безбедни“, пишува Димитров на Инстаграм.

Сподели.