Германците сметаат дека здравјето на Меркел е нејзина приватна работа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На прашањето дали Ангела Меркел треба да ѝ сподели на јавноста детални информации за својата здравствена состојба, 59 отсто од Германците веруваат дека тоа е нејзина работа.

Од друга страна, 34 отсто од испитаниците веруваат дека деталите за здравјето на канцеларката треба да бидат објавени, ги пренесе Ројтерсрезултатите од истражувањето на весникот Аугсбургер Алгемајне, спроведен од страна на институтот Сиви.

Меркел, која следната недела ќе наполни 65 години, во последните недели во јавноста доживеа три пати тремор, а во четвртокот дури и го прекрши протоколот и седеше при интонацијата на химната за време на приемот на данската премиерка.

Таа во неколку наврати изјави дека се чувствува добро, но не даде детали за своето здравје.

Сподели.