Германија даде 627 милиони евра за развој на вакцина против ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Германија издвои 627 милиони евра за биотехнолошките компании BioNTech и CureVac за забрзување на развојот на вакцината против ковид-19.

Министерката за образование и истражување, Ања Карличек, предупреди дека безбедноста треба да остане главен приоритет за пошироката популација да ја прифати вакцината.

– Дури и додека светот е во исчекување на вакцина, ние нема да преземеме ризични кратенки – рече таа на прес-конференција во Берлин.

Многумина се загрижени дека може да се намалат стандардите за безбедност и ефикасност во трката за развој на вакцината против Ковид-19, од кој досега заболеле повеќе од 29 милиони луѓе во светот, а починале над 926.000.

Министерката кажа дека вакцината најверојатно ќе биде достапна по следната пролет.

Сподели.