Фудбалер на Вест Хем го загуби облогот, па доби „смртна“ казна! (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секој човек во светот во овие моменти се обидува на одреден начин да заборави на досадата додека трае изолацијата во домот.

Таква е ситуацијата и со фудбалерите, кои наоѓаат различни начини да го потрошат своето време во излоација. Повеќето од нив играат онлајн игри, а најчесто ФИФА 20. Токму Рајан Сесењон од Тотнем и Мигел Антонио одлучија да се испробаат на добро познатата игра, а тој што ќе загуби мораше да го облече дресот на противникот, во случајов тоа беше Антонио.

Антонио реши да го испочитува договорот и да направи видео, а потоа ги воодушеви навивачите на Вест Хем со неговиот потег.

Јас сум човек од збор и облеков дрес на Тотнем, но не реков дека ќе дозволам да ми ја допира кожата, истакна Антонио, кој се оденсуваше како да добил „смртна“ казна.

Сподели.