ФОТО&ВИДЕО: Родено двоглаво теле во Битола – веста хит во светските медиуми

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Двоглавото теле од битолското село Лажец стекна светска слава благодарение на приказната на новинската агенција Ројтерс. Телето е родено на 16 април.

Телето има споени черепи, два пара очи, две усти и еден пар уши. Се работи за редок феномен кој што имаме среќа да се роди на нашите простори.

Сопственикот вели дека телето е здраво и функционира нормално.

Веста ја објави новинската агенција Ројтерс, а потоа ја објавија и многу други светски медиуми.

Сподели.