“Форбс” објави кој пејачки во 2018 година заработиле најмногу, Кети Пери е на врвот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на 10 –те најплатени пејачки во 2018 година. На првото место со заработка од 83 милиони долари е Кети Пери која од tронот ја симна неприкосновената Бијонсе.

34- годишната Кети годинава заработила 83 милиони долари, односно повеќе од еден милион за секој свој настап. Покрај тоа таа наводно добила и 20 милиони долари за својата улога на судија во шоуто „Американски идол“.

На втората позиција според годишната заработка од 80 милиони долари е атрактивната Тејлор Свифт.

Beyonce

Минатогодишната најплатена пејачка на светот Бијонсе годинава е на третото место на листата на Форбс со заработени 60 милиони долари.

„Се исплатува да се биде Пинк“ , наведува магазинот „Форбс“ алудирајќи дека популарната пејачка  во текот на 2018 година заработила 52 милиони долари, доволни за 4 место на листата. Петата позиција е резервирана за Леди Гага со заработка од 50 милиони долари.

Меѓу најплатените пејачки на светот секако е и 49 годишната Џенифер Лопез, која во 2018 заработила 47 милиони долари. Жешката латиноамериканка е на шестото место.

Светската ѕвезда од Барбадос иако не била на турнеја од 2016 година, со заработени 37,5 милиони долари е седма на листата. Форбс наведува дека приходите Ријана ги остварила од козметика и долна облека за жени, како и од улогата во филмот „Оушен 8“.

Меѓу десетте најплатени пејачки  на листата на „Форбс“ годинава се и Хелен Фишер со 32 мил. долари, Селин Дион со 31 милион и Бритни Спирс со 30 милиони долари.

Сподели.