Фитнес инструкторката Ана Стојанова само по долна облека маѓепсува со раскошните облини (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ана Стојанова е девојката која како фитнес инструктор, модел и советник за здрава исхрана, се наметна на социјалните мрежи и тоа со одлична примарна идеја – да им помогне на жените и девојките да ја доведат линијата до посакуваното и да живеат здраво.

Ана речиси секојдневно постира фотографии на Инстаграм на кои ги покажува своите вежби од нејзината фитнес програма, но и нејзиниот сексапил и привлечност се магнет не само за љубителите на вежбањето и здравиот живот.

Пред неколку месеци таа имаше операција на ногата и некое време мораше да закрепнува и паузира со својот начин и стил на живот. Сега Ана е во топ форма, па така полна со самодоверба по операцијата, направи разголена фотографија на која гори од сексапил.

Долната облека во боја на кожа, дополнително ја разбранува фантазијата кај посилниот пол што придонесе да се нижат коментарите со ласкави епитети, а на неколкумина на оваа фотографија Ана им заличи на Кајли Џенер. За други пак, Кардашијанс може „вода да и носат“.

 

Постирајќи ги своите фотографии и видеа покрај програмата за здрав живот, Ана ги буди скриените мечти и мами воздишки со своите телесни атрибути…А понежниот пол има вистински пример за женственот на природен начин.

Сподели.