Finance Think: Ребалансот на буџетот е задоцнет и предизборен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ребалансот на Буџетот е задоцнет и предизборен и најверојатно до крајот на годината ќе треба уште еден ребаланс – сметаат од Институтот Finance Think. Има ризици врз владините проекции, а даночната евазија може да наметне и потреба за корекција на даночните стапки во земјава. Во забелешките стои и дека владата не ги скратила доволно непродуктивните трошења, а дури 65 проценти од скратените расходи се од капиталните проекти.

Инаку Владата со ребалансот планира годинава да потроши 3,95 милијарди евра, или 54 милиони повеќе од планот. Па така, рекордно највисокиот буџет кој го имала земјава до сега, се „покачи“ и сега ќе изнесува 3,95 милијарди евра. Корона кризата ќе ги намали приходите во буџетот за 11,5 проценти или за 415 милиони евра – се планира да се соберат вкупно 3,2 милијарди евра. И ако со буџетот требаше да фалат 280 милиони евра, сега со ребалансот, сумата која ќе недостасува ќе се искачи на 750 милиони евра или 6,8 проценти од БДП. Се ќе се финансира со еврообврзница и кредити од дома и странство. А се очекува јавниот долг на земјава да се искачи на 58 проценти од БДП.

Со ребалансот останува проекцијата дека економијата годинава ќе падне за 3,4 проценти. Се кратат и капиталните расходи за 68 милиони евра, па годинава се препроектирани на 317 милиони евра. Владата одлучи да нема кратење ниту во платите на администрацијата, а пензионерите ќе си го добијат и усогласувањето на пензиите за годинава.

Од Институтот „Finance Think“ сметаат дека има ризици врз владините сценарија. А даночната евазија може да наметне и потреба за корекција на даночните стапки во земјава.

Сподели.