Фејсбук за 24 часа отстрани 1,5 милиони снимки од нападот во Нов Зеланд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фејсбук избришал 1,5 милиони видеа само во првите 24 часа откако се случи масакарот во две џамии во Нов Зеланд, во кој загинаа педесетина лица.

Потпаролот на Фејсбукот во Нов Зеланд соопшти дека се користат сите методи за да се осигураат дека сите снимки кои терористот ги стримал во живо од нападот, ќе бидат отстранети.

„Во првите 24 часа отстранети се 1,5 милиони видеа, од кои 1,2 милиони се блокирани уште при поставување“, соопштија од Фејсбук.

Сподели.