„Фејсбук“ ќе забрани реклами за антивакцинација

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Фејсбук“ одлучи да забрани објавување реклами што ги обесхрабруваат корисниците на оваа социјална мрежа да се вакцинираат. Од технолошкиот гигант ја објаснија нивната одлука.
– Нашата цел е пораките за безбедноста и ефикасноста на вакцините да допрат до што повеќе луѓе, а да забраниме реклами што содржат неточни информации што можат да го загрозат јавното здравје – соопштија од „Фејсбук“.
Компанијата уште минатата година започна да спроведува мерки против кампањите за антивакцинација. Тоа подразбира проверка на содржината на објавите што се однесуваат на тоа прашање и блокирање на рекламите што содржат неточни информации. Меѓутоа, рекламите со политичка содржина на оваа тематика или оние објавени од политички актери сепак ќе бидат дозволени.

– Сѐ уште се дозволени реклами за промовирање став за или против вакцините, што се однесува на вакцините против коронавирусот – известуваат од „Фејсбук“.
За овој вид објави ќе треба да се посочи кој платил за нивното спонзорство и тие ќе се карактеризираат како политички маркетинг.
Од „Фејсбук“ најавија дека ќе започнат кампања за информирање на своите корисници за вакцините против грип. За време на пандемијата на коронавирусот, бројот на објави против вакцинацијата се зголеми на оваа социјална мрежа, потсетува американското деловно списание „Бизнис инсајдер“.

Сподели.