,,Фаланга“ и „Лозари“ се тепаа пред дербито во Штип! (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На фудбалските стадиони не е дозволено присуство на навивачи поради превенција од ширење на ковид-19, ама пред големото дерби на Истокот во Штип меѓу Брегалница и Тиквеш дојде до судир на двете навивачки групи.

„Фаланга“ и „Лозари“ се судрија на влезот во градот. Штипски „М Нет“ објави видео од тепачката, а толпата ја разделуваше

полицијата, која мораше да интервенира.

  • Видео од тепачката во Штип:

Натпреварот меѓу Брегалница и Тиквеш заврши со два гола, ама без победник (1-1). Во пол-позиција се штипјани кои се фаворити за промоција во ПМФЛ .

Сподели.