Facebook: Вработени да продолжат да работат од дома

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Се очекува Facebook повторно да ги отвори своите канцеларии некаде во јуни, но од компанијата се одлучија да на своите вработени им овозможат да продолжат да работат од дома, а истото да го продолжат подолго време.

Со оваа одлука, Facebook е втората компанија, после Twitter, која ќе го промени начинот на работа и по завршувањето на кризата со COVID-19, овозможувајќи им на вработените да продолжат да работат од дома.

За разлика од Twitter кои најавија дека оваа можност ќе им ја дадат на повеќето вработени кои не мора да бидат во канцеларија поради видот на нивната работа, а тие што ќе го изберат тоа ќе може да работат од дома „засекогаш“, Facebook сепак најавува дека оваа можност ќе им биде дадена на отприлика пола од околу 45.000 вработени.

Сподели.