Елмас: Првиот мој трофеј

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еден од најсреќните во таборот на Наполи, по освојувањето на Купот на Италија, беше нашиот Елиф Елмас. Ова за него беше прв пехар во кариерата, се надеваме не и последен. Ова нека биде само почеток на една серија освоени трофеи, нека тргне по стапките на неговиот репрезентативен колега Горан Пандев.

Па така по триумфот над Јуве, Дијамантот со пехарот во раце се огласи на социјалните мрежи…

“Освоен е првиот трофеј во мојата кариера со специјален тим. Ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот во долгата серија“.

Колку за потсетување Елмас во 92. минута имаше прекрасна шанса за 1:0.

Сподели.