Ел Чека организира протести пред Влада на 26 јули – ги покани и Села и Касами (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ел Чека на еден од неговите Фејсбук профили сподели повик за протест пред влада на 26 јули упатен до лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами, јави „Плусинфо“.

Повикот е од извесен Имер Арифи, еден од членовите на организациониот совет на протестите :

Јас Имер Арифи, како член на организираниот совет на протести, заедно со сите совети што ги создадовме во цела Македонија, ги повикуваме: Зијадин Села и Билал Касами (Алијанса и Беса), на 26.07.2019 година, во петокот во 14 часот, на протестите во Скопје пред Владата и парламентот“ се вели во соопштението во кое се нагласува дека дека “нема да молчиме, бидејќи тишината е криминал. Протестите се национални. Ред е на партиите да го поддржат народот“.

Сподели.