Експресен грабеж: За 10 секунди остана без 74.000 долари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во понеделникот во Мајами се случи грабеж во кој на сопственикот на продавница за накит му беа украдени 74 000 долари.

Грабежот се случи пред продавницата во 18 часот, а на екраните на камерите за надзор се гледа дека сопственикот зборува со вработен кога се приближува црн камионет.

Од него излетал крадецот со пушка и од сопственикот украл часовник вреден 60.000 долари и прстен од 14.000 долари.

Иако сопственикот со автомобил се обидел да го фати крадецот, а вработениот ја повикал полицијата, тој сè уште е на слобода.

Сподели.