ЕК ќе преземе мерки против Романија поради невладеење на правото

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската Комисија потврди дека испратила писмо до романските власти минатата недела во која предупредува дека без измени во контроверзните мерки кои го нарушуваат владеењето на правото, таа е подготвена да отвори процедура против оваа земја. Фокусот е пред сѐ на амандманите на кривичниот законик со кои ќе се амнестира корупцијата, мерка која е неприфатлива за Европската Комисија. Во писмото испратено до претседателот, премиерката и спикерот на Сенатот на Романија, Европската Комисија ги набројува проблематичните делови поврзани за мерките за амнестија на корупцијата како и останатите загрижувачки трендови поврзани со независноста на судството и злоупотребата на ЕУ фондовите. Романија потврди дека го добила писмото, но не посочи дали и кога планира да одговори. Доколку Европската Комисија ја покрене постапката за санкции за нарушување на владеењето на правото, таа прво ќе испрати препораки до земјата. Без соодветни измени, процедурата може, теоретски, да заврши со активирање на членот седум од Лисабонската Повелба, со која се суспендира правото на глас на засегната земја во Советот на ЕУ.
Брисел подготвен за мерки против Романија поради нарушено владеење на правото |

Сподели.