Двајца починати и 62 новозаразени од коронавирус

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во него се впишаа уште 62 позитивни на КОВИД-19 на направен 771 тест. Двајца починаа, еден 60-годишник од Струга кој се лекувал во „8 Септември“, другиот од Гостивар на 64-години кој починал пред 2 дена а земениот постмортем бриз покажал позитивен резултат. Црната листа на починати сега се искачи на 133.

Скопје повторно предничи со бројот на заболени. Од денешниот биланс, 24 отпаѓаат само на главниот град. Во Штип има 14, во Тетово, 12, во Струга 4, тројца во Гостивар, двајца во Куманово  а во Велес, Кочани и Валандово по еден новозаболен.

62 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19:

Скопје-24,

Куманово-2

Штип-14

Тетово-12

Струга-4

Велес-1

Гостивар – 3

Кочани – 1

Валандово-1

Досега вкупно се регистрирани 2226 случаи, а како активни се водат 541. Ова е најголемиот број на заразени во едно деноноќие за изминативе седум дена.

Без денешните тестови од скринингот кои се 221 на број, математиката вели дека 11,2% од резултатите на сите нови тестирани се покажале позитивни. Процентот на нови заболени пациенти на направени тестови од 25 мај до денес се движи од околу 5,4 отсто па се до нешто над 11 проценти. Последната недела од мај ја заокружуваме со 193 позитивни на КОВИД-19 и 20 починати од опасниот вирус.

25 мај:  21 заболен (0 од скрининг)  = 8,57% од вк. бр. тестови

0 починати

258 тестирања – 13 скрининг  = 245

26 мај:  16 случаи (0 од скрининг)  = 11,03% од вк. бр. тестови

3 починати

314 тестирања – 169 скрининг = 145

27 мај: 25 случаи (1 од скрининг)    = 6,49% од вк. бр. тестови

3 починати

622 тестирања – 251 скрининг = 371

28 мај: 38 случаи (0 од скрининг) = 9,69% од вк. бр. тестови

3 починати

560 тестирања – 168 скрининг = 392

29 мај: 52 случаи (2 од скрининг) = 9,31% од вк. бр. тестови

4 починати

661 тестирање – 124 скрининг = 537

30 мај 35 случаи (1 од скрининг) = 5,37% од вк. бр. тестови

5 починати

1120 тестирања – 487 скрининг = 633

Расте и бројот на болни кои се хоспитализираат во здравствените установи. На Инфективна во Скопје примени се уште 5 пациенти. Таму вкупно се лекуваат 44 лица, од кои 20 се во потешка состојба. Во градската болница „8 Септември“ од вкупно 35 пациенти 6 се новопримени а 10 се со потешка клиничка слика.

Во штипската болница се хоспитализирани 15 пациенти. Во болницата во Битола 2. Уште 28 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 се следат на инфективните одделенија во Охрид, Велес, Прилеп и Куманово.

Сподели.