Два земјотреса од 5,4 и 4,6 степени кај островот Родос

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За помалку од 12 часа во морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос беа регистрирани два земјотресa со јачина од 5,4 и 4,6 степени според Рихтер, без да има повредени лица или причинета материјална штета.  Првиот земјотрес од 5,4 со епицентар на 30 километри северно од Родос беше регистриран синоќа, а бил почувствуван и на турското крајбрежје.

Утрово, кусо по 7 часот, во морскиот дел, 26 километри североисточно од островот беше почувствуван нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Сподели.