Дурловски: Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски се обрати до граѓаните дека му е особено чест што кампањата за парламентарни избори ќе ја започне од својот роден крај Битола.

„Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти. На овие избори Коалицијата „За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети“, појасни Дурловски.

Дурловски додаде дека е време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура.

„Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се“, нагласи Дурловски.

 

 

Сподели.