Дурловски ќе ја пее македонската химна на големиот протест на 25 април за слобода на уставобранителите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Игор Дурловски, македонскиот оперски пеач и еден од учесниците во „За заедничка Македонија“, кој во хајката на власта за смена на името беше еден од обвинетите за тероризам, штотуку објави дека на големиот протест за ослободување на уставобранителите осудени на над 200 години април во фингираниот процес за „27 април“ тој ќе пее македонската химна.

„Драги пријатели, на 25ти, на протестот за неправедно осудените браќа ќе ја пеам химната на Македонија. 25 април 2021 година, Македонија слободно ќе живее“, напиша Дурловски.

Според најавите, зад големиот протест стои македонската дијаспора која повика на масовност:

„Македонците во светот преку видео порака ги повикуваат сите Македонци во Македонија на мирен протест на 25 април во 11 часот пред Владата на Република Македонија.

Со македонско знаме во рака, сплотени како никогаш до сега, за слобода на нашите браќа уставобранители и на нашата мајка Македонија“ беше објавено во повикот на дијаспората.

За масовност на протестот повикаа и Јане Ченто, Горан Ангелов и другите затворени за „27 април“, Ана Дуковска, ВМРО-ДПМНЕ и некои други опозициони партии, а свое присуство најавија и Комитите кои исто така ги повикаа макеоднските граѓани на присуство на протестот во недела што ќе започена во 11 часот пред Владата на Македонија.

Сподели.