Драгана Спасовска: „Со Роналдињо сме многу блиски, со пари се се’ купува!“ (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Таа е полу Македонка, полу Бугарка! Повеќе од пет години живее и работи во Дубаи. Пред да замине во луксузната метропола се занимаваше со мода, беше дел од едно познато реалити шоу, гордо го носеше епитетот стралета. Нејзиното име е Драгана Спасовска. Во моментов е на одмор во Скопје, а Бекстејџ го искористи нејзиниот престој овде и поразговара со неа и притоа направи заеднички апдејт на се она што се случува во нејзиниот живот.

Фото: Инстаграм

Па така, од интервјуто дознавме дека Драгана е љубител на луксузниот живот, носи само скапи и брендирани парчиња облека, исклучително е блиска со фудбалската ѕвезда Роналдињо, а нејзиното животно мото е : Со пари се купува и здравје и среќа!

Фото: Драган Митрески

Јас многу сакам да патувам, носам брендирана облека, а од каде имам пари за сето тоа немам намера да кажам, ниту пак сакам да се објаснувам. Имам дечко во Дубаи веќе четири години, имам салон за убавина, а со Ронадлиљо сме многу блиски, го имам неговиот приватен број, како и броевите на многу светски ѕвезди и секогаш кога се во Дубаи се гледаме, но тоа не се дружби за провод и една ноќ, нашето пријателство е подлабоко, рече Драгана.

Фото: Драган Митрески

Што друго откри, погледнете во продолжение:

Сподели.