Допрецизирање на Уредбата или легализирање на неправилностите?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бранувањата што во последниве месеци се случуваат на најстариот, најголемиот и се уште надобриот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), предизвикани од изборните активности, а пред се во постапката за избор на ректор, а во последниве неколку денови и за избор на сенатори за составот на новиот сенат предеизикуваат интересирање не само кај академската заедница, но и пошироко кај населението. Интересирањето произлегува од тоа што не се работи за избори во не било каква институција, туку за универзитетот кој е дел од темелите на современата македонска држава. Во прашање е институцијата која го продуцирала најголемиот дел од кадарот што ја водел и ја води државата, стопанството, културата, спортот и претставува браник на националниот и државниот суверенитет.

И за да биде појасно, на оние кои не се во тек: Во согласност со Законот за високо образование и Статутот на УКИМ, ректорот на универзитетот е раководен орган кој се бира од редовите на редовните професори за време од три години, по постапка утврдена со Закон и Статут, најдоцна до 15-ти септември во годината кога му истекува мандатот,  а започнува шест месеци пред истекот на мандатот. Значи шест полни месеци во кои треба да се спроведат демократски транспарентни и целосно легитимни избори. Постапката во овој изборен циклус за прв пат во 71-годишната историја на УКИМ ќе се одржи на непосредни општи избори, што значи дека секој член на наставно-научните совети ќе гласа и ќе се произнесе за кандидатот за кого смета дека најдобро ќе го води универзитетот во наредните три години, што дополнително ја зголемува демократичноста на изборот. И ова треба да биде една од пресвртните години на УКИМ, која ќе биде свечено забележана во аналите. За жал, целиот овој процес наместо во свечена атмосфера се претвори во фарса и иронија, проследена со сомнителни, недоречени, замаглени и недоследни за честа, името и традицијата на УКИМ, постапки и одлуки во изборот на ректор.

Но, сепак се појави и разумот и совеста на поединци и групи на УКИМ. Се раздвижи академската слобода, произлезена од автономијата на универзитетот. Се отвори здраво-размислувачкиот потенцијал. Се она за што се залагаа професорите и студентите во еден претходен период. Се појави сила која сака да стави крај на самоволни, нетранспарентни одлуки и процеси на УКИМ. Се појави сила која сака да спроведе крајно транспарентна постапка во изборот на првиот меѓу еднаквите на најстариот, најголемиот и сеуште најдобриот универзитет во државата. Поединци, кандидати за ректори, синдикални организации (НАкС) и сите добронамерни граѓани на кои УКИМ им е во срцата и кои сакаат да нема вакви случувања на УКИМ.

И се случи. Владата на седницата во петокот 05.6.20202 година донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата о законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во Службениот весник бр.149 од 05.6.2020 година.

Самата Уредба предизвика една голема еуфорија за победа на здраво-разумните сили на УКИМ, но дали е така???

Уредбата покрај другото утврдува дека „Постапките за избор на раководни органи на високообразовните установи започнати пред денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила, се ставаат во мирување со денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила, најмалку за време на траењето на вонредната состојба“.

Прашањето е: Кој е денот кога се ставаат во мирување, дали денот кога е донесен основниот документ, односно 23-ти март 2020, или вчерашниот ден 5-ти јуни?

Од претходното следи и прашање за вториот став: „Дејствијата преземени во постапките за избор на органите и телата на високообразовните установи до денот на влегување во сила на оваа уредба се сметаат за важечки“. Дали тоа значи дека сите постапки до вчерашниот ден, а за кои се смета дека се нелегитимни, остануваат на сила?

И доколку одговорите на прашањата се позитивни, односно сите одлуки до 5-ти јуни се легални, тогаш може да се заклучи дека Уредбата на Владата е со цел да се легализираат незаконските изборни активности кои се спроведувале во постапката за избор на ректор на УКИМ и со тоа да се стави крај на борбата на поединците и институциите во барањето на праведност и транспарентност на целиот процес, кој ќе ја обезбеди автономијата на универзитетот и академска слобода за изјаснување на сите членови на заедницата. Ваквата Уредба ќе значи дека не се водело сметка за здравјето на членовите на академската заедница на УКИМ, на студентите на нивните семејства, бидејќи се ставаат во опасност при нивно физичко присуство во деновите кога треба да се извршуваат гласања по изборните постапки.

И на крајот уште еднаш да повикам и да ги замолам сите институции: Обезбедете примена на Законот за високо образование. Обезбедете транспарентност која доаѓа од автономијата на универзитетот. Не дозволувајте непрецизни ставови во Вашите акти. Не дозволувајте одредби кои може да се толкуваат на различни начини. Бидете одлучни. Во време на пандемија здравјето и животот немаат цена, без разлика која е целта!!!

Сподели.