Доктори колабираат од умор, десетици животи згаснуваат во борба со корона вирусот, а Филипче се смее по спотови на Заев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тоталната незаинтересираност на Заев и Филипче за здравјето на граѓаните, резултира со тотално фијаско на здравствениот систем во  борба со корона вирусот.

Европа ни ги затвара границите препознавајќи ја неспособноста на Заев и Филипче. Не сакаат да ги загрозат здравјето и безбедноста на нивните граѓани заради тоа што Заев и Филипче ја запоставија корона кризата и се фрлија на коруптивни афери.

Вчера имаше 126 нови случаи на заразени од корона, и 4 починати. Заев и Филипче од Македонија направија црна точка во Европа.

Заради Заев и Филипче имавме втор пик во јуни. Затоа што наместо да си ја работат работата, Заев договарал и местел тендери, земал поткуп и менаџирал рекет.

Здравјето на граѓаните било во втор план, затоа што во прв план било земањето на 300.000 евра од Дака.

Заев и вчера не кажа за што ги потрошил тие 300.000 евра кои ги земал од Дака.

Додека граѓаните ги чувствуваат последиците од коронакризата, Заев и неговите функционери бројат милиони од поткуп.

Заев уште молчи, а ЈО не презема ништо за тврдењето на Боки 13, дека парите кои тој ги рекетирал завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Македонија се наоѓа во оваа состојба на без излез и апатија, затоа што наместо да се работи, Заев и СДСМ три години мислеа само на криминал, корупција и рекет.

Македонија тоне, а тие штанцаат лиценци за марихуана, местат тендери за РЕК Битола, рекетираат фирми.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Сподели.